 |
|
|
 |
| |
|
|
|
|
| |
Измени на законот за шуми (09.2008)
Закон за измена и дополнување на Законот за Шуми, изгласан на 1-ви август во Собранието на РМ (Службен весник на РМ бр.103, стр. 67). Објавен е на 19-ти, а стапува на сила на 27-ми август 2008г. Законот има 9 члена, од кои за нас како сопственици на приватни шуми директно се важни 3, а индиректно уште 4 члена...
Целиот документ можете да го превземете тука.
|
| |
Анализа на приватното шумарство во РМ (09.2008)
Анализирање на состојбата на приватните шуми во Македонија. Во соработка со СНВ, преземавме активности за прибирање на релевантни податоци за приватните шуми во РМ. Активностите се поделени во 3 етапи, со анкетирање на сопственици на шуми кои се членови на НАСПШ, потоа на оние што не се членови и анализа на пазарот на шумарството...
Целиот документ можете да го превземете тука.
|
| |
Конференција за менаџирањето со недржавните шуми во Европа (09.2008)
Од 30.06 до 02.07.2008г во Скопје како дел од ЦЕПФ проектот се одржа дводневна конференција на тема "Статусот на менаџирањето со недржавните шуми во Југоисточна Европа". Партнери во проектот се НАСПШ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. НАСПШ учествуваше во работата на конференцијата со 6 претставници...
Целиот документ можете да го превземете тука.
|
| |
Тековни Активности (01.2008)
Основна активност на НАСПШ е зајакнување на организационите капацитети
1. Зголемување на членството
2. Зацврстување на новата регионална структура
3. Активно учество на НАСПШ во промена на законот за шуми
4. Лобирање во јавноста за проблемите врзани со приватните шуми
5. Обезбедување на подобри услуги за своето членство
|
| |
Шумарски семинар (01.2008)
На 06.12.2007 во хотелот Континентал се одржа дводневен Шумарски семинар на тема: "Развојот на шумите во приватна сопственост во Република Македонија како потреба"
Семинарот се одржа во рамките на проектот "Поддршка на локалните општини и нивна соработка со локалните власти со цел зајакнување на демократијата и заштитата на шумите во животната средина".
Носител на проектот е Националната Асоцијација на Сопственици на Приванти Шуми, а поддржан е од фондацијата СОРОС и СНВ Холандска Развојна Организација.
Записникот од семинарот можете да го превземете тука. |
| |
Пожари (01.2008)
Одржан состанок на тема: "Осврт на шумските пожари во Република Македонија во 2007-ма година".
Имајќи ги во предвид случувањата со шумските пожари во летот 2007 година, СНВ - Холандска Развојна Организација иницираше соработка со Проф. Никола Николов од Шумарскиот Факултет во Скопје. Проф. Николов е воедно и координатор на регионалната мрежа за Југоисточна Европа и Кавказ на Глобалниот Центар за мониторинг на пожари (Global Fire Monitoring Center) под закрила на ОН.
Целта на состанокот е да се направи обид за детерминирање на улогата и местот на локалното население во системот на ППЗ, со посебен осврт на приватните сопственици на шуми.
Состанокот се одржа во хотел Континентал на 21.01.2008г. со почеток во 11 часот. |
| |
| |
| |
| |
| |
| |
|
|
|
|
|
PaNa.2oo8.
|